![]() |
![]() |
![]() |
Со симболичен марш по
улиците на Скопје, на 17 мај 2009, Македонија ќе потсети дека е дел од
големото светско семејство на борци против ракот на дојка. Борбата против ракот на дојка е премногу важна за секој од нас, за да им ја препуштаме на другите. Затоа, биди и ти дел од неа! Донирајте 100 денари на телефонскиот број 143 171 со префиксот на Вашиот оператор и учествувајте во розовата прошетка. Собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на условите во дневната болница за хемотерапија при клиничкиот центар. Акредитациите за учество можат да се подигнат во просториите на Борка, или на самиот настан. Ве очекуваме на 17 мај, во 11 часот, во Градскиот парк, кај Школка! За повеќе информации околу учество во настанот обратете се во НВО „Борка - за секој нов ден“ ул. Петар Поп Арсов бр 8/1-2 (мапа) тел./факс 02/ 32 24 636 borka.mk@gmail.com Ракот на дојка е болест во значителен пораст во Република Македонија, при што секоја година се дијагностицираат најмалку 750 нови случаи. Почетната фаза на ракот на дојка може да се излекува кај повеќе од 95% од заболените. Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на болеста, со што се зголемува и можноста за целосно лекување на ракот на дојка. На жените кои се над 38 годишна возраст им се препорачува да прават мамографија еднаш годишно. Но иако карциномот на дојка се јавува претежно кај жените во менопауза, сепак и ова „правило“ подлежи на промени, особено во последните години, кога примерите кај кои е дијагностициран рак на дојка покажуваат дека возрасната граница е во голема мера поместена. Во светски рамки, младите жени меѓу 20 и 30 години, сè повеќе заболуваат од рак на дојка. Од тие причини, методот на самопрегледување треба да се применува дури од 15 годишна возраст, препорачуваат стручњаците. Бидејќи ракот на дојка бавно напредува, редовните месечни самопрегледи можат да бидат прилично ефикасни во откривањето на првите симптоми. Населението во Македонија има негативен став и страв од ракот на дојка како сериозно заболување. Ние сакаме да дадеме поддршка на пациентите во нивната истрајност во борбата против ракот на дојка и да ја подигнеме јавната свест за потребата од вклучување на сите сегменти во општеството во поддршка и грижа за пациентите Третман за ракот на дојка треба да добијат сите жени на кои тоа им е потребно. На сите жени кај кои е дијагностицирана оваа болест треба да им се обезбеди сериозен онколошки пристап и препораки за натамошно лекување. |